Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филмот „Мостовите на Сараево“ гала премиера на „Синедјес“

0
By Нова ТВ on November 18, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во режија на 13 европски режисери во рамките на филмскиот фестивал „Синедејс“ денеска во 20 часот во кино Милениум ќе се прикажува „Мостовите на Сараево“. Филмот е од селекцијата Гала Премиера.

Омнибусот, создаден по повод стогодишнината од почетокот на Првата светска војна, содржи 13 кратки филма, во режија на 13 европски режисери, истражува на темата Сараево, што всушност претставува овој град во европската историја во текот на изминатите сто години и што Сараево претставува за Европа денес. Овие еминентни филмски уметници од различни генерации и потекло, нудат исклучително уникатни стилови и визии. Познатиот белгиски стрип уметник, Франсоа Шуитен, замислил една анимирана врска помеѓу овие филмови, метафорично транспонирање во неговиот графички богат свет на симболичните мостови на Сараево.

Улогите ги толкуваат Богдан Нинковиќ, Феџа Стаменковиќ, Андреј Иванчиќ, Никола Брковиќ, Михаило Кович.

Од документарните музички филмови во кино Фросина во 23 часот пак ќе се прикажува The Stone Roses: Made of stone во режија на Шејн Медоус.

Легендарниот бенд The Stone Roses се реоформи по 16 години во 2002 година. Со претходно необјавениот материјал кој ја опфаќа музичката историја на бендот, со личните искуства на многумина што биле под влијание на бендот и неговата музика и со ексклузивните снимки од рекордните распродадени концерти кои се одржаа во 2012, ова е клучно издание за еден клучен бенд за последните 25 години.

Во филмот, реномираниот режисер Шејн Медоус (This Is England, Dead Man’s Shoes) го истакнува својот неповторлив стил на режија, хуморот и неговата длабока чувственост, снимајќи го работниот процес на бендот и секојдневниот живот на членовите и нивните проби за нивното долгоочекувано враќање, коешто кулминира со три големи концерта на домашен терен во манчестерскиот Хитон Парк пред 220 илјади фанови.

Од Гала Премиерата на програмата уште е и „Рио Те сакам“ – колективен игран филм, составен од 11 динамични кратки филмови, создадени од 10 режисери, во кино Милениум во 22:30 часот, а од Официјалната селекција „Шумите се сеуште зелени“ во режија на Марко Наберсник во 19 часот во кино Фросина.

Програмата на „Синедејс“ денеска е збогатена и со доста филмови од селекцијата МК кратки: ШЕКСПИРОВА 9/1 на Владимир Митревски, ПРАЗЕН УМ на Антонио Арангеловиќ, АУДИЦИЈА на Лавинија Софрониевска, ВРАЌАЊЕ на Дина Дума, БАЛЕ на Никола Поповски и ЖОЛТИОТ ЧАДОР ЗА СОНЦЕ на Ана Опачиќ.

Бразилскиот „Божји град“ на Фернандо Меирелеш и Катја Лунд денеска е на програмата во 20 часот во Кинотека на РМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.