Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филмот „Сталинград“ на отворање на Скопскиот филмски фестивал

0
By Нова ТВ on April 23, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Вечерва во 20 часот, во киното Милениум во Скопје, со премиерно прикажување на рускиот филм „Сталинград“ на Фјодор Бондарчук, започнува 17-тото издание на Скопскиот филмски фестивал. „Сталинград“ е историски воен спектакл снимен во најновата 3D Imax технологија.

Филмот на Бондарчук е авторска екранизација на една од најкрвавите битки во историјата во која загинаа 2 милиона луѓе и која беше една од пресудните за исходот на Втората Светска војна. Раскажан е од две страни, од страна на руските војници кои бранат една стратешки важна зграда и со тоа го спречуваат излезот на нацистите на реката Волга и од агол на германски офицер кој раководи со нападот на таа зграда. Напомена- филмот не се препорачува за помлади од 15 години.


На Скопскиот филмски фестивал до 30 април ќе бидат прикажани 60 филма распоредени во осум програми. Меѓу големите авторски имиња се: Лукас Мудисон, Ким Кидук, Мајкл Гондри, Серен Крег Јакобсон, Веико Оунпу, Фјодор Бондарчук, Џим Џармуш, Улрих Зајдл.

Во главната програма се осум филма, и тоа од Камбоџа, Мексико, Грција, Шведска, Данска, Естонија, Индија и Иран, меѓу кои се: „Сликата што недостасува“ на Рити Пан од Камбоџа, мексиканскиот „Хели“, иранскиот „Манускриптите не горат“ на Мухамед Расулоф, грчкиот филм „Госпоѓица насилство“ на Александрос Авранас, индискиот „Ланчбокс“, „Ние сме најдобри“ на Лукас Мудисон, „Слободна зона“ на Веико Оунпу од Естонија, како и „Часот на рисот“ на Серен Крег Јакобсон. Три филма во оваа програма своите светски премиери ги имаа на Канскиот фестивал.

Во Програмата на авторски филм прв е Ким Ки-дук со „Моебиус“ по кој следуваат неколку ексцентрични црни комедии и сатири, „Вештерките од Зугарамурди“, „Влажни места“, „9 месеци“, „Јас, лично јас и мајка ми“ „Дали човекот кој е висок е среќен“ и „Киднапирањето на Мишел Уелбек“.

Во Кинотеката на Македонија, Фестивалот ќе ја понуди „Ретроспектива“ на Џим Џармуш во која ќе бидат прикажани филмовите „Постојан одмор“ (1980), „Почудно од рајот“ (1984), „Надвор од законот“ (1986), „Мистериозен воз“ (1989), „Ноќ на земјата“ (1991) и „Мртов човек“ (1995). „Во фокусот“ годинава е австрискиот режисер Улрих Зајдл со неговата „Трилогија: Рај“ поделена на „Рај: Љубов“, „Рај: Верба“ и „Рај: Надеж“.

Четирите дебитантски дела: „Луѓето таму“ на Аик Карапетијан од Латвија, италијанскиот „Утринска ѕвезда“ на Софи Блонди, францускиот „Интимна политика“ на Јамини Лила Кумар и холандскиот „Тивките“ на Рики Ринеке, се во програмата „Eye on films“. Програмата на кратки филмови содржи десет остварувања на тема „Секс и религија“. Освен придружните програми, претставено ќе биде и новото во македонската продукција.

Во киното Фросина ќе бидат прикажани студентски филмови од Факултетот за драмски уметности.

На затворањето на Скопски филмски фестивал во киното Милениум ќе биде прикажан новиот филм на Ралф Фајнс „Невидливата жена“ кој ја раскажува приказната за тајната љубов на Чарлс Дикенс.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.