Филмот „Старо купуем“ во режија на Младен Крстевски и во продукција на „ВЕ-МА филм“ влезе во официјална селекција на 18. фестивал во Бар, Црна Гора, кој ќе се одржи на крајот на месецов.
Улогите ги толкуваат Ѓорѓи Тодоровски, Младен Крстевски, Маја Вељковиќ, Кица Ивковска, Алексасндар Шехтански и Александар Вељановски. Директор на фотографија е Слободан Стојков, сенографијата е на Иван Вељановски, а музиката на Ана Митова-Дишлиеска.
„Старо купуем“ се однсува на бегството од секојдневието, за луѓето кои секојдневно ги гледаме околу нас, по контејнери, за луѓето со неостварени желби, фантазијата за побогат живот. Иако навидум хуморот е присутен во филмот, сепак трагичноста не ги одминува ликовите.
Првично закажаната премиера на филмот ,,Старо Купуем“ која беше договорена и потпишана од страна на општината Велес во февруари годинава, ненадејно беше откажана. По што филмот премиерно беше прикажан во Дом на АРМ во Скопје. Младен Крстевски во изјава за НОВА тогаш објасни дека зад бирократскиот лавиринт, стои политичка одлука неговиот филм да не се прикаже во Велес.