Пораката од наслобвот бликна на манифеатцијата „Лицето на зборовите“ на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ што се одржува во рамките на „Денови на поезијата“ во Сити Мол во Скопје.
Песни на Петре М. Андреевски, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Михаил Ренџов, Даница Ручигај, Евгенија Шуплинова и од уште десетина современи македонски поети, покрај на македонски, за првпат беа прочитани и во превод на албански јазик.
Идејата за ваков пристап е поттикната од наставата по современа македонска книжевност на Катедрата за македонска книжевност и култура и преку неа се упатува на фактот дека љубовта кон поетскиот збор ги обединува сите и со тоа од Филолошкиот факултет порачуваат дека дека зборот има онолку лица колку што има и јазици и дека соживотот може да биде и поезија.