Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Финансиската кома на Грција го избриша резултатот од референдумот

0
By Светлана Јовановска on July 10, 2015 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Алексис Ципрас синоќа, во договорениот рок, го достави планот за реформи за да може Грција да добие 50 милијарди евра од Европскиот механизам за стабилност (ЕМС) за период од три години.

Планот на Атина е сличен на тој од 25 јуни, план што тогаш го презентираа кредиторите и кој беше отфрлен на референдумот на 5 јули.

Грција предлага ДДВ од 23 отсто за рестораните и намалено ДДВ од 13 отсто за хотелите, основните прехрамбени производи и енергијата. На островите ќе биде постепено избришано намалувањето на ДДВ од 30 проценти со тоа што ќе се почне од најбогатите острови.

Пензиите се важен дел од оваа програма. Се планира намалување на трошоците од 0,25 отсто до 0,5 отсто од бруто националниот производ (БНП) во 2015 година и од 1 процент од БНП во 2016 година. Во пензија ќе се оди на 67 години од 2022 година. Владата бара бришење на додатокот на пензија за најниските пензии од 2019 година наместо 2018 година. Додатокот на пензиите ќе биде замрзнат до 2021 година а здравствените придонеси ќе паднат од 6 на 4 проценти.

Програмата предвидува амбициозни реформи, кои Владата одамна ги има прифатено, за даночната администрација пред се. Реформите на пазарот на труд ќе бидат усогласени според правилата на ОЕЦД.

Предвидено е и покачување на даноците, за фирмите од 26 на 28 отсто како и за бродските компании и луксузните производи. Ќе има и нови приватизации. Воените трошоци ќе бидат намалени за 100 милиони евра годинава и за 200 милиони во 2016 година.

Накусо, мерките треба да заштедат 13 милијарди евра за три години што значи сума поголема за 8 милијарди од првобитниот предлог на Сириза од 22 јуни.

Од политичка гледна точка на Сириза ќе и биде проблем да ги прифати овие мерки.

Според британскиот «Гардијан», ова значи дека Ципрас го толкува резултатот на референдумот како обнова на неговиот мандат и зајакнување на капацитетот на Владата да го направи најдоброто за Грција. Поради недостиг на средства грчката економија е во кома и ситуацијата се влошува секој ден. Ципрас не сака да го превземе ризикот за излегување на земјата од еврото и оттука тој мора да направи важни отстапки.

Но во сето ова има и план за инвестиции. Атина бара од Европската комисија да одмрзне 35 милијарди евра. Овие пари се структурните и земјоделските фондови на ЕУ за Грција кои беа блокирани од Комисијата. Атина бара тие брзо да и бидат ставени на располагање за да се создаде “позитивен шок”кој би ги компензирал мерките на штедење. Ова не беше предвидено во претходните договори.

Втората мерка која би ги компензирала напорите за штедење е реструктуирањето на долгот и токму оваа точка е важна за да може Парламентот да го прифати планот. Текстот предвидува долгот да стане “поднослив”по 2022 година во делот на долгот до европските држави.

Останува да се види дали кредиторите оваа точка ќе ја прифатат. Германскиот министер за финансии вчера изјави дека некакво реструктурирање на долгот е можно но рече исто така дека европските повелби не оставаат голема маргина во тој поглед.

Според францускиот економски весник Ла Трибун, не е сигурно дека Сириза ќе го следи предлогот на Ципрас и прашање е што ќе се случи ако за текстот гласаат само десните и центар десните партии од опозицијата. Тоа може да значи дека Ципрас би можел да го распушти Парламентот или да влезе во коалиција со други партии за да се формира влада на национален спас.

Распуштањето на Парламентот може да ги блокира преговорите во Брисел што значи дека би почнала процедурата за Грексит. Владата за национален спас би значела победа на Брисел и Берлин кои одамна не кријат дека ова сценарио би било добро.

Накусо, финансиското гушење на земјата ги избриша резултатите на референдумот од 5 јули.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.