Министерот за здравство Венко Филипче во вестите на ТВ21 посочи дека Владата ги прифатила предложените мерки од Комисијата за заразни болести.
– Тоа значи дека повеќе нема да има гостување на пејачи и диџеи во угостителските објекти. Потсетуваме повторно дека немаа дозвола за работа, односно во ниту еден момент не добија дискотеките и ноќните клубови. Понатаму се намалува дозволената јачина на звукот на 55 db за да се одржи препорачаната дистанца и се намалува бројот на лица коишто седат на една маса од 12 на 4 лица, рече Филипче.
Тој додаде дека овие мерки се едногласно донесени во Владата.