Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фискалната децентрализација ќе се потпира на три столба – фискален капацитет, дисциплина и транспарентност

0
By Нова ТВ on March 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Подобрување на фискалниот капацитет и зголемување на приходите на општините, зголемување на фискалната дисциплина, како и на транспарентоста и отчетноста во нивната работа – ова се трите столба од реформата за унапредување на фискалната децентрализација, процес кој го спроведува Министерството за финансии и за кој достави информација до Владата која беше разгледана и усвоена на вчерашната владина седница. По ова ќе следи процес на јавни консултации и расправа со ЗЕЛС и засегнатите страни, а во координација со Работната група за продолжување на процесот на децентрализација формирана од страна на Владата во која учествуваат министерствата за политички систем, за финансии, за локална самоуправа и ЗЕЛС.

Првиот столб, или подобрување на фискалниот капацитет и зголемување на приходите на општините, ќе се спроведе преку повеќе активности кои предвидуваат раст на средствата кои им се распределуваат на општините од наплатените давачки во цетралниот буџет, зголемување на сопствените приходи на општини и формирање на фондови кои ќе го поддржуваат добриот перформанс.

Планирано е постепено зголемување на процентот кој го добиваат општините од приходите од персонален данок на доход, наплатен од физичките лица пријавени со постојано живеалиште и престојувалиште во општината.

Исто така, постепено ќе се зголемува и стапката на дотација од наплатениот ДДВ, согласно перформансот на општините. Имено, планирано е формирање на два фонда – Фонд за перформанси и Фонд за воедначување. Општините кои покажуваат позитивни резултати и имаат повисока реализација на сопствените приходи ќе добијат средства од Фондот за перформанси, а од Фондот за воедначување ќе се обезбедат средства за општините кои имаат пониски приходи, но истите покажуваат фискален напор и добри резултати во прибирањето на сопствените приходи.

Ќе се дејствува и кон зголемување на сопствените приходи на општините и кон изнаоѓање на нови локални приходи според добрите практики од ЕУ и подобрување на критериумите за распределба на доделените средства за пренесените надлежности во областа на основното и средното образование, култура, детска заштита и заштита на стари лица и противпожарна заштита.

Вториот столб кој е во насока на зголемување на финансиска дисциплина на општините, намалување на долговите и домаќинско работење, предвидува активости во насока на мерки за реално планирање на приходите и расходите на општините, рационализација во работењето и намалување на непотребните расходи, редовно сервисирање на долговите, поголема финансиска дисциплина, процедури за прогласување на финансиска нестабилност, издавање на општинска обврзница и анализа на постојните обврски на општините и јавните претпријатија.

Во насока на зголемување на транспарентноста и отчетноста – ќе се зголеми контролата од страна на државата, особено на Финансиската инспекција во поглед на Законот за пријавување и евиденција на обврските и пријави за непочитување за Законот за финансиска дисциплина, ќе се носат мерки за зголемување на транспаретноста на општините преку објавување на финансиските извештаи на транспаретен и разбирлив начин, а ќе се дејствува и кон поголема отчетност за користење на буџетските средства.

Еден од приоритетите во Програмата на Владата на Република Северна Македонија 2020-2024 е продолжување на процесот на децентрализација, во насока на повисока демократизација, подобри јавни услуги и засилен локален развој. Целта е надлежностите да се пренесат на нивото на управување кое е најблиско до граѓаните. Во наредниот период ќе се продолжи со политиките за развој на општините, односно фискална децентрализација и рамномерен регионален развој, со цел зајакнување на финансиските извори на општините, но воедно и зголемување на одговорноста и транспарентноста на нивното работење.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.