Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Флекенштајн: Мора да разговараме за содржината на прислушувањето

0
By Светлана Јовановска on February 18, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кнут Флекенштајн е германски пратеник во Европскиот парламент. Неговата мисија на враќање на опозицијата во парламентот во Албанија која тој, заедно со неговиот колега Словакот Едвард Кукан од Европската народна партија, успешно ја заврши, беше мотив поради кој комесарот Јоханес Хан предлага слична мисија во Македонија. Г-дин Флекенштајн прифати да одговори на нашите прашања околу тоа како смета дека кризата во Македонија може и треба да се реши.

НОВА: Комесарот Јоханес Хан бара добра опција, како што најави самиот, за решавање на кризата во Македонија. Тој го спомна Европскиот парлемент, вас и г-дин Кукан, како можни посредници. Ќе одговорите ли на оваа задача и како ?

Флекенштајн: Ќе разговарам со комесарот Хан. Се работи пред се за тоа што ние двајцата бевме доста успешни во Албанија. Тој тоа не го предлага затоа што ние двајцата парламентарци се сме многу мудри, туку станува збор за тоа двете страни да имаат луѓе од својата политичка фамилија до нив и дека може да се води до отворена дискусија и да се најде решение.

НОВА: ЕУ и комесарот зборуваат за примена на правната држава и независност на судството и генерално и во оваа ситуација. Но, како тоа да се направи кога и самата ЕУ во сите свои извештаи вели дека судството во Македонија не е независно и кога слушнавме, од снимките што ги објави опозицијата, дека владата му дава наредби на судството? Не сметате ли дека е малку необично да се зборува за правна држава и политички дијалог во оваа ситуација?

Флекенштајн: Да почнеме со политички дијалог. Тоа мора да биде можно ако и двете страни тоа го сакаат. Ние не можеме никого со сила да натераме да гради политичка култура и дијалог. Но ако тие не се во позиција да го изградат ова, тогаш е сигурно дека тие не се во позиција да станат членки на ЕУ.

НОВА: Мислите ли дека сето ова ќе има последици врз препораката за почеток на пристапни преговори со ЕУ?

Флекенштајн: Мислам дека тоа е сосема сигурно. Во земја во која опозицијата не може да ја работи својата работа – или да го кажам ова на неутрален начин – земја во која опозицијата и мнозинството не можат да најдат начин да дискутираат во парламентот за реформи, да најдат начин да разговараат за најважните прашања на патот кон ЕУ, тогаш е јасно дека не можат да бидат наши партнери во ЕУ. Така што ќе треба малку време за да се дојде до напредок по ова прашање.

НОВА: Имате ли веќе план за можното посредништво во Македонија со г-дин Кукан?

Флекенштајн: Се уште немаме никаков план. Тукушто се вратив од посета на Москва, оваа недела сум во Германија а од понеделник ќе бидам во Брисел и ќе стапам во контакт со комесарот Хан.

НОВА: Што мислите за снимањето на приватни разговори?

Флекенштајн: Тоа не е добро. Во мојата земја тоа е забрането. Прво, не е добро да се снима а втора работа е, според мене, дека треба да се разговара за содржината на тие разговори. Тоа мора да биде една од темите кога ќе се разговара за сето ова.

НОВА: Сметате ли дека има сличности помеѓу ситуацијата во Албанија каде што со г-дин Кукан успеавте да помогнете?

Флекенштајн: Искрено не сум толку многу запознаен што се случува во Македонија, мојот колега Ховит би можел да влезе во сето тоа ако имаме договор. Во Албанија опозицијата, од различни причини, беше вон од парламентот. Мнозинството бараше некаков конструктивен приод а опозицијата бараше нејзината работа во парламентот да биде можна. Не сакам да споредувам бидејќи не е добро да се споредува, но можеби е корисно да се има еден вид “адвокат” на ваша страна, адвокат кој нема да ви дава совети како да и направите штета на другата страна но корисно е исто така да се добие совет и за вашиот поглед на нештата.

НОВА: Дали посредништвото на Европскиот парламент ќе биде доволно ако имаме на ум дека во Македонија не се работи само за недостиг на политички дијалог и бојкот на опозицијата, кој партиите не успеаа да го решат во последните десет месеци, туку дека станува збор за подлабока криза?

Флекенштајн: Секогаш подвлекувам, не само до вас туку и до сите земји членки, патот до ЕУ е значајна работа која не треба да се остави само на политичарите. Потребен е ангажман на граѓанското општество кое треба, ако е потребно, да ги турка политичарите да најдат заедничко разумно решение. Освен тоа судството треба да биде независно, медиумите треба да бидат независни, правната држава да биде имплементирана чекор по чекор. Тоа мора да го има. На граѓаните на Македонија сигурно би им се допаднало да видат дека вака се развиваат работите.

НОВА: Но некои медиуми во Македонија се борат за таа независност, исто како и некои судии или дел од граѓанското општество. Во Македонија сепак имаше новинар во затвор и можеби политички затвореници. Кој е советот што би им го дале на новинарите, судиите и граѓанското општество, како да се борат во ваква ситуација?

Флекенштајн: За мене е тешко да одговорам на ова прашање. Но треба да се знае дека не само Европскиот парламент како институција туку и другите треба да ги поддржат оние кои се борат за нашите заеднички вредности. И мислам дека таа поддршка треба да се подобри.

НОВА: Социјалистичката партија во Европскиот парлемент реагираше на настаните во Македонија но не видовме реакција на Европската народна партија која е блиска до владеачкиот ВМРО-ДПМНЕ. До македонската јавност ова праќа порака дека тие не се загрижени за состојбата во земјата. Дали е ова што го велам точно?

Флекенштајн: Знаете, кога вашата политичка партија е на власт тоа ве прави малку колебливи да реагирате јавно, се обидувате да ги решите проблемите внатре во семејството. Секогаш е полесно за опозицијата да даде гласно и јасно мислење. Можам да ви кажам дека моите партнери од Европската народна партија не се воопшто воодушевени од она што го гледаат во Македонија. Но сепак, треба да бидат похрабри бидејќи тоа е во интерес на Македонија. Во тоа сум сигурен. И на крајот исто така е во интерес на мнозинството во Парламентот за да можеме отворено да разговараме за неуспесите и падовите. Само така ќе најдеме решение за проблемите. Но ако ние бидеме само фини, нема да имаме напредок.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: „Марш на ангелите“ – шест месеци без правда за Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“…

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

September 16, 2025

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.