Петнаесет работници се водат за исчезнати, а седум беа повредени во серија експлозии што го погодија резервоарот со пропан кој сервисира фабрика во централна Флорида, северозападно од Орландо, доцна во понеделникот, јавува Ројтерс, повикувајќи се на изјава на портпаролот на канцеларијата на локалниот шериф.
Двајца други работници избегале неповредени од експлозијата, која започна околу 22:30 по локално време во бензинската пумпа на пропан гас во градот Таварес, Флорида, портпаролот на шерифот на Лејк Каунти, Џон Херел, изјави на прес-конференција.