Судот на Флорида и додели на вдовица 23. 6 милијарди долари во казнена штета за нејзината тужба против тутунскиот гигант RJ Reynolds компанијата за цигари, рече нејзиниот адвокат, јавува Си-Ен-Ен.
Синтија Робинсон тврдела дека пушењето го убило нејзиниот сопруг Мајкл Џонсон, во 1996 година.
Таа тврдела дека компанијата RJ Рејнолдс била небрежна и не го информирала дека никотинот е зависност и пушењето може да предизвика рак на белите дробови. Џонсон почна со пушење, кога беше 13 година, а починал на рак на белите дробови, кога имаше 36.
Пресудата на судот е “храбра”, изјави адвокатот Робинсон, Кристофер Честнат.
Судењето во Ескамбија округот траеше четири недели и судот размислуваше 15 часа, според Пенсакола Њуа весникот. Пресудата вклучува повеќе од 16 милиони долари во компензација на штета, објави весникот.