Новиот број на ФОКУС донесува нови интересни содржини:
Под наслов ПРЕВРАТ, неделникот пишува за сигурноста со која Мирка Велиновска најавува голем судски процес во блиска иднина. Есенва се очекуваат големи апсења, според турскиот рецепт, за обид за државен преврат можеби и на бивши генерали, опозиционери, новинари и колумнисти!
Владиката Пимен во интервју за ФОКУС говори дека нема намера да биде ничија марионета:
Народот мора да се освести и да почне да размислува со своја глава, вели отец Пимен, Владика на Европската епархија, кој во последно време е особено интересен за јавноста со острото спротивставување на сите девијации во државата!
Во ФОКУС читајте и за ФИЛИП ВТОРИ НЕЗАКОНСКИ, за ТЕНДЕРСКИТЕ ФИНТИ на власта, за тепачката во која учествувале функционери на ДУИ и АЛФИТЕ.
Тука е и продолжение на анкетата на ФОКУС и РЕЈТИНГ, овојпат со прашања и за економијата.
ЧИТАЈТЕ ФОКУС ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ