Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фокус и дефокус – префрлање на вината

0
By Zoran Ivanov on July 4, 2025 ИЗБОР, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кулминацијата на главниот дефокус од ова клучно прашање, не би требало да биде изненадување за секој оној кој имал пристап до кредибилни и објективни информации. Но, дали таков пристап имале граѓаните? И затоа главното прашање не е “вадењето на македонскиот идентитет и јазик од извештајот” како што драматично се ламентира; туку зошто тој воопшто е дел од политички и правен документ?

 Никица Корубин

Надвор од “бучавата” на латентната пропаганда, која го преплавува јавниот простор, интензивирана после месец јули 2022 година и усвојувањето на преговарачката рамка, суштината која упорно се избегнува е дека ние всушност го отвораме првиот преговарачки кластер веднаш, без “дополнителна политичка одлука“, кога ќе ги комплетираме уставните измени.

И следејќи го поведението, изминативе 3 години, на политичките партии, јавните функционери, медиумите, експертите и “про-европските” невладини организации; дефокусирањето од овој факт, преку компромитирање, релативизирање и манипулирање на процесот – константна употреба на терминот “француски предлог” наместо “преговарачка рамка”; противуставно отворање на теми за Македонците во соседните земји; поигрување со идентитетски теми; форсирање на наратив за “отворени прашања со Бугарија”; инсистирање на конфликтно билатерално поведение кон Грција и Бугарија – сугерира само едно: очигледно, иако апсолутно неразбирливо, постои незадоволство од јасната, прецизна и целосно во наш интерес, позиција на ЕУ, ефективно и извршно преточена во Советот на ЕУ во 2022 и повторена во 2023 година:

“Советот е спремен да ја свика следната меѓувладина конференција без било какви понатамошни одложувања или дополнителна политичка одлука, кога Северна Македонија ќе ги имплементира заложбите и ќе ги комплетира уставните измени … Советот е спремен за отворање на првиот преговарачки кластер што е можно побрзо во согласност со преговарчката рамка” (одлука на Советот на ЕУ, јули 2022 и декември 2023).

И ова е единствениот важечки документ, кој во моментов е услов за нас како држава, за да може ЕУ, ВЕДНАШ, после уставните измени, “без било какви понатамошни одложувања или дополнителна политичка одлука” да ја свика втората меѓувладина конференција (бидејќи скринингот успешно го завршивме) и е ЕУ Е СПРЕМНА “што е можно побрзо во согласност со преговарчката рамка”, да го отвори првиот преговарачки кластер и првите поглавја.

Тоа што 3 години, не само што ова не е главна тема за медиумската и останата стручна и политичка јавност, туку е “елегантно” исчезната од јавниот дискурс; говори за очигледно координиран сентимент на неинформирање, а со тоа и манипулирање на граѓаните, паралелно со “бегање” од главната обврска во интерес на граѓаните, со ефективно кочење на евроинтегративниот процес.

Па, оттаму, кулминацијата на главниот дефокус од ова клучно прашање, не би требало да биде изненадување за секој оној кој имал пристап до кредибилни и објективни информации. Но, дали таков пристап имале граѓаните? И затоа главното прашање не е “вадењето на македонскиот идентитет и јазик од извештајот” како што драматично се ламентира; туку зошто тој воопшто е дел од политички и правен документ?

Дали тие требало да бидат фамозните “гаранции” барани јавно, а можеби и официјално од ЕУ? И ако тоа требало да бидат “гаранциите”, зошто се “компромитирирани” од наша страна со нивно “еднострано надградување и проширување”? И дали едноставната сентенца за “македонски идентитет и јазик” формулирана во официјално политичко тело на ЕУ го “дефинира нашиот идентитет” и обратно, отсуството од истиот документ “го брише нашиот идентитет”?

Ваквата бизарна и маниупулативна тенденција, не само што е опасна и навредлива за етничкиот македонски идентитет, туку е всушност проекција на она од што декларативно се бега – “вештачка конструкција”. А, како инаку, еден идентитет би постоел ако “се напише” и би исчезнал, “ако се избрише”? На страна што во сета оваа приказна, жртва е националниот идентитет, кој е составен од различните етнички идентитети во Северна Македонија, а не само и ексклузивно македонскиот идентитет.

Но, се чини дека всушност “македонскиот идентитет и јазик” во ова тригодишно “бегање од суштината” – преговарачката рамка и одлуката на Советот на ЕУ – веројатно и за жал, ја има(л) улогата на “иницијална каписла” за евентуална промена, токму на таа одлука со вметнување на оваа комплексна и сложена тема, во извршен документ, кој потоа “комплексно и сложено” преку сите можни нијанси, долго време ќе биде причина за избегнување на обврската.

Но, не по наша вина, туку по вина на “другиот” – ЕУ, Бугарија, Грција, сеедно. Варијантите се бесконечни, и можеме слободно да претпоставиме од сега, дека сите ќе бидат “неприфатливи за нас” и за “одбраната на нашиот идентитет”. Вето нема, нови услови нема. И тоа е “чистата ситуација”, која одамна требаше да биде завршена, и во најмала рака промовирана и експонирана како клучна, од сите (само)декларирани про-ЕУ и про-европски елити (партии, медиуми, експерти, НВО-а, аналитичари, академици). За да тргнеме напред, треба да се вратиме на вистината од 2022 година.

“Советот е спремен да ја свика следната меѓувладина конференција без било какви понатамошни одложувања или дополнителна политичка одлука, кога Северна Македонија ќе ги имплементира заложбите и ќе ги комплетира уставните измени.” Реверзибилно гледано, после 3 години дефокус, дали може да се заклучи дека “Северна Македонија, не ги комплетира уставните измени, токму затоа што без било какви одложувања и без дополнителна политичка одлука ЕУ го започнува, отворањето на првите кластери”?

И ова мора да биде главниот фокус, за секој кој ја има уставната обврска да обавува било каква политичка функција. А, на сите други им останува моралот (за некои финансиран со европски пари) на загрозување на стратешките интереси не само на државата, туку и на нашите лични животи.

Од Фејсбук ѕидот на авторката

 

идентитет колумна Никица Корубин ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.