На концертот ќе се отсвират и ќе се отпеат изданија од сите 9 албуми а премиерно ќе се отсвири најновото издание насловено како: „Симултан бакнеж“.
Концертот во Хераклеа се случува после низата промотивни концерти низ Македонија и странство. Настанот ќе се одржи според протоколите за одржување настани на отворено, информира организаторот на концертот.