Секоја земја избира дали сака да се приклучи на ЕУ или не. Проширувањето е во интерес на Унијата – посилна, побезбедна и поконкурентна ЕУ значи посилна Европа во светот, изјави Фон дер Лајен за време на нејзината посета на фабриката за одбрана ВМЗ во Сопот, Бугарија.
Претседателката на Европската комисија испрати порака дека проширувањето на ЕУ во Западен Балкан ќе зависи исклучиво од заслугите на секоја земја-кандидатка.
Секој кандидат ќе биде оценет според условите за него. Ова создава доверба на двете страни. За проширување е потребно време. Сакам да повторам дека е клучно за Европа, за регионалната стабилност и безбедност, да работи напорно за успешно проширување”, заклучи Фон дер Лајен.
Таа предупреди на руско мешање во Западен Балкан и Молдавија и нагласи дека ЕУ мора да ги поддржи своите партнери против хибридните закани.