Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фон дер Лајен: Ќе ја вооружиме Европа

0
By Zoran Ivanov on March 4, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека новите планови на ЕУ за зајакнување на европската одбранбена индустрија и зголемување на воените капацитети можат да мобилизираат речиси 800 милијарди евра.

Фон дер Лајен на денешната прес-конференција најави дека ЕУ ќе предложи на земјите-членки да им се обезбеди поголем фискален простор за инвестиции во одбраната, како и 150 милијарди евра заеми за вакви инвестиции, со мобилизација на приватен капитал.

Потребно ни е големо зголемување на одбранбените капацитети, нема сомнеж за тоа. Ние сакаме траен мир, но траен мир може да се изгради само на сила, а силата започнува со зајакнување на самите себе, рече таа.

Таа додаде дека испратила писмо до европските лидери и наведе пет клучни точки од планот за повторно вооружување на Европа:

  1. Зголемување на јавното финансирање за одбраната – доколку земјите-членки ги зголемат трошоците за одбрана за 1,5% од БДП, тоа би можело да создаде фискален простор од речиси 650 милијарди евра во следните четири години.
  2. Нов инструмент кој овозможува заеми од 150 милијарди евра за одбранбени инвестиции од страна на земјите-членки.
  3. Користење на буџетот на Европската Унија за одбранбени проекти.
  4. Мобилизирање на приватен капитал преку Сојузот на штедилници и инвестиции.

5.  Мобилизирање на приватен капитал преку Европската инвестициска банка.

Фон дер Лајен истакна дека овие планови би можеле да мобилизираат околу 800 милијарди евра за зајакнување на одбранбените и воените капацитети на Европа.

Ова е клучен момент за Европа и ние мора да го искористиме тоа.  рече таа.

 

 

 

Вооружување дер лајен ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 6, 2025

Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и…

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.