Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фондот ќе ги доставува електронските картички во фирмите

0
By Нова ТВ on August 9, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фондот за здравстено осигурување ќе им ја олесни процедурата за подигање на електронски здравствени картички на фирмите кои имаат над 100 вработени, а досега не ги подигнале картичките.

Од Фондот информираат дека нивни вработени ќе посетат 110 фирми и ќе им ги достават електронските картички. Оваа новина се воведува со цел да се забрза процесот и да можат што поскоро осигурениците да ги користат здравствените услуги со воведувањето на новиот здравствен систем „Мој термин“ со кој рецептите и специјалистичките упати се добиваат преку здравствената картичка.

Невработените кои се пријавуваат во Агенцијата за вработување исто така ќе ги добиваат картичките преку Агенцијата при следното пријавување на шалтерите.

– Сите оние кои се приматели на парична помош и кои имаат обврска еднаш месечно да се јават во просториите на Агенцијата, картичките ќе можат да ги подигнат таму. Сите оние кои сè уште не аплицирале за оваа услуга, ќе можат да аплицираат таму, а Агенцијата ќе ни ги достави информациите за да ги процесуираме изјави директорот на Фондот, Јован Грповски.

Во оваа група спаѓаат околу 25 000 осигуреници на Фондот. Граѓаните кои што имаат уплатено за електронска картичка, останува можноста истата да ја подигнат кај своите матични лекари. Пензионерите, пак, над 70 години можат да побараат преку дежурните телефони картичката да им се достави дома.

Сепак, праксата покажува дека оваа процедура оди бавно , лекарите сеуште не се во можност да ги подигнат и да ги дистрибуираат картичките на сите пациенти, туку тоа оди етапно. Ова за НОВА го потврдија неколку матични лекари од различни амбуланти во Скопје.

Околу 615 000 граѓани ја добиле својата електронска картичка, 360 000 картички се изработени и треба да се дистрибуираат, 380 000 картички се во процес на изработка во фирмата која ги подготвува, а 110 000 барања се во процес на изработка во Фондот.

Планиране е 1 465 000 осигуреници да се стекнат со еелктронски здравствени картички. Елекронската здравствена картичка засега има само една функција, да ги замени сините картони. Пациентите и понатаму треба да ги носат здравствените легитимации кога ќе одат на лекар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.