Британската кралица и канадскиот премиер Џастин Трудо позираа пред букет од сини и жолти цвеќиња, во знак на поддршка на Украина чие национално знаме ги содржи овие две бои. Букетот беше дел од ентериерот во работната соба на Елизабета Втора, чиј гостин вчера беше шефот на канадската влада.