Американската филмска академија објави групна фотографија од сите номинирани за годинешните филмски награди.
Заедно со стотината холивудски ѕвезди и познати имиња од светската филмска индустрија на фотографијата се и дел од екипата на „Медена земја“, македонскиот документарен филм кој е номиниран во две категории за Оскар, како најдобар странски филм и најдобар документарец.
Во исто време, дел од екипата на „Медена земја“ на своите фејсбук профили објавија фотографии на кои се заедно со Леонардо Ди Каприо, Роберт Дениро, Бред Пит, Ал Пачино, Квентин Тарантино, Роберт де Ниро и други познати имиња од светот на филмската индустрија.