Фудбалските навивачи на терените во Германија, Шкотска, Грција, и други европски земји, изминатиов викенд за време на домашните првенства истапија со банери преку кои порачаа дека бегалците се добредојдени, „Refugees Welcome“.
Такви пораки преовладуваа особено во германската Бундеслига, односно на натпреварите на кои играа Борусија Дортмунд, Баерн Минхен, Вердер Бремен, Гројтер Фурт, Инглоштад и други, како и во Солун во Грција и во Глазгов во Шкотска.
Кризата со бегалците кои бегаат од своите земји поради лошите, или речиси никакви услови за живот, односно од војните, ќе биде разгледувана на состанокот на евро министрите за внатрешни и за надворешни работи кон средината на октомври на конференција која ќе се одржи во Париз.