Ноќеска пред влезот на Собранието на Република Македонија осамна графит во црвена боја – Слобода за Кежо. Освен пред Собранието, графити има и на улица Македонија, кејот, МНТ, кај тарабите кај МНР и на многу други места низ централното градско подрачје
Новинарот Кежаровски веќе трет ден штрајкува со глад во Шутка во знак на протест поради неговото држење во притвор. Иако истрагата заврши, тој трет месец е зад решетки.
Како гаранција за неговото ослободување од притвор, неговото семејство неодамна понуди и недвижен имот, но засега залудно.