Компанијата Аутомакедонија во текот на изминатите две недели го претстави електричниот автобус – Isuzu NovoCITI Volt кој се возеше на улиците на Струмица, Прилеп, Битола, Тетово, Куманово и Штип, а денес ќе вози и низ улиците во Скопје. Повеќе од 2000 граѓани имаа можност „од прва рака“ да се уверат во можностите кои овој еколошки автобус ги нуди во организирањето на урбаниот транспорт.