Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ФОТО) Поетско читање на „Женско писмо“: Сè што било ерес, станува догма

0
By Нова ТВ on March 8, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамки на фестивалот „Прво па женско“,и со мотото „Женско писмо“, вечерва во Младинскиот културен центар во Скопје се одржа поетско читање на кое поетеси, писателски, активисти и активистки, како и љубители на поезијата,се собраа на едно место за, како што тие велат – женското писмо да го донесат во стварност.

Активистката Билјана Гинова, една од организаторите на настанот кој се одржува на Меѓународниот ден на жената – 8. Март, вели дека овој настан е можност да се слушне за творештвото на поетесите кои се „чувани во фиока“.

„Целта на овој настан е да се даде простор на поетесите кои се помалку издавани, чувани „во фиока“, поттиснати од општеството. Минатата година на настанот слушнавме дела само на домашни поетеси, и дури и многу од авторките дојдоа да споделат свои песни со публиката. Оваа година го проширивме спектарот и со дела на странски поети, а за потребата од овој настан и положбата на жените во македонското општество, можеби вистинското прашање е зошто жената е на маргините, како тоа да се промени, на кој тоа му одговара жената да биде објект-родилка на децата и негувателка на „домот на нацијата“ истакна активистката Гинова.

Со поетски парчиња посветени на жената, во МКЦ вечерва настапија Славица Диневска, Биљана Секуловска, Ана Василева, Јана Јакимовска, Уранија Пировска, Ана Мишковска –Кајевска, Татјана Качоровска, Rinna Weasley Јанкуловска, Јасмина Василева, Ана Мартиновска, Дороти Пачкова, Ангелика Апсис, Мартина Трајкова, Јана Коева, Кристина Леловац, како и Кочо Андоновски, Мариглен Демири, Новица Наков и Никола Шунде.

Според директорката на Хелсиншкиот Комитет – Уранија Пировска, фестивалот го отвора протсторот за потранспарентна борба против како што таа вели „фалусоидната доминација“.

-Денес повторно, за жал мораме да се бориме за права кои некогаш ги сметавме за освоена територија. Денешната власт со своите политики дури навлегува во правото на избор на жената, нејзината привилегија и ја позиционира само како објект за репродукција, рече Пировска.


Уранија Пировска

-Сè што некогаш било ерес – станува догма, вели активистката Ангелика Апсис.


Ангелика Апсис, Никола Шундре

-Системско газење врз женските права и неопатријархатот кој се наметнува во мејнстримот во разни форми, неминовно бара да поттикнеме нов бран на еманипација, слична на таа во и по НОВ. Но,борбата не треба само да за да го вратиме одземеното, туку да добиеме се што ни припаѓа, смета активистката Павлина Симоноска.


Павлина Симоноска

Фестивалот „Прво па женско“ се одржува по трет пат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.