На скопскиот аеродром „Александар Велики“ вчера пристигна Малик Обама, брат на претседателот на САД, јави Дневник.
Меѓународната асоцијација „Балкан клуб на мирот“, која е регистрирана во РМ и која ја води Осман Ватреш, пред извесно време одлучила својата втора Повелба за мир да ја додели на Фондацијата “Барак Обама Хусеин” (името е на таткото на американскиот претседател Барак Обама).
Одлуката ја донела комисија од 25 члена, во која, според Ватреш, има угледни луѓе. Наградата на Малик Обама ќе му биде врачена в четврток во хотелот “Александар палас” во 16 часот.
Ставре Џиков изјави дека е почестен поради целиот настан. Братот на Обама по посетата на Македонија, ќе замине на мини-балканска турнеја.
Фото: Дневник