По пауза од околу три месеца, Шарената револуција повторно се активира со денешниот попладневен собир на за поддршка на работата на Специјалното јавно обвинителство. Оваа активност на „шарените“ доаѓа по неколкудневниот, како што го нарекуваат, мобинг од страна на пратениците од власта врз шефицата на СЈО, Катица Јанева, на расправата по однос на извештајот за работата на обвинителството, но и одбивањето на владејачките партии од Законодавниот дом да го донесат законот за зашитетени сведоци кој го бара Јанева. Собирот започна во 17 часот, а околу 1,000 граѓани со кофи полни боја во моментов се пред Собранието.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.