Најмладите се вклучија во акцијата за спасување на паркот кај Бристол, кој ноќта во саботата во три часот по полноќ беше срамнет со земја.
Со водени пиштоли децата ги навадија младите дрвца засадени синоќа од граѓаните и од општина Центар.
Активностите на граѓанските здруженија за зачувување на ова паркче ретка земја во центарот на градот, продлжуваат.
На видео-бим беа прикажани сведоштвата на активистите и граѓаните кои во саботата се обидоа да ги спречат дрвосечачите кои придружувани од полицајци ја извршија сечата на 50-годишните дрвја.