Прифатниот центар за мигранти во Гази Баба, каде што беше финалната точка на денешниот марш на движењето #Протестирам, наликува на затвор, каде што мигрантите се држат зад решетки во големо присуство на полиција. Тие пред граѓаните побараа само едно – слобода.