Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Фотографирај и Реагирај“ – граѓаните ја средуваат околината

0
By Нова ТВ on September 18, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во тек е имплементацијата на „Фотографирај и Реагирај“, шестмесечен проект поддржан од проектот на USAID за граѓанско општество, кој е спроведуван од Фондација Отворено Општество – Македонија.

Проектот „Фотографирај и реагирај“ го имплементира Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт Македонија.

Во предвидениот временски период, граѓаните во три пилот-општини (Центар, Богданци и Виница) ќе имаат можност да го користат бесплатниот јавен сервис за пријавување на проблеми поврзани со животната средина.

Самиот јавен сервис се состои од три компоненти и тоа: мобилна апликација, веб страница (кои веќе се функционални!) и бесплатна телефонска линија (која ќе биде пуштена во текот на неделата).

Целта на овој сервис е сите пријавени проблеми од областа на животната средина да бидат побрзо регистрирани и решени од страна на надлежните.

Сервисот ќе служи како корисна алатка во секојдневниот живот на сите кои сакаат да пријават проблем, а притоа ќе имаат можност да го следат и статусот на решавање на истиот.

Со помош на мобилната апликација корисниците ќе можат да го фотографираат проблемот што го забележале и истиот да го препратат до посебна база на податоци, од каде истиот ќе биде пренасочен до најсоодветниот надлежен орган за решавање на проблемот.

Самата апликација содржи и гео-лоцирање на пријавениот проблем со што дополнително се олеснува постапката за пријавување. Покрај апликацијата сервисот нуди и пријавување на проблемите преку веб страница (http://reagiram.mk/) како и преку јавување на бесплатна телефонска линија: 080 023 023.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.