Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Франција бара контроли на сите европски граници

0
By Светлана Јовановска on September 14, 2015 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска во Брисел ќе се обидат да распределат 160.000 баратели на азил во сите земји членки. Но, задачата е тешка со оглед на противењето на многу земји, како Унгарија, Чешка и Словачка, да учествуваат во оваа распределба на бегалците.

Доколку денес не биде донесена одлука, ЕУ најавува специјален самит посветен на ова прашање пред крајот на овој месец.

Шемата за распределба на бегалците се однесува пред се на Сиријци и Ирачани кои во ЕУ стасале од 15 август 2015 година до 16 септември 2017 година. Државјаните на овие две земји имаат големи шанси да добијат азил во ЕУ. Оние кои во ЕУ стасале пред 15 август оваа година потпаѓаат под правилата на Даблинската регулатива според која бегалците ќе треба да побараат азил во првата земја на ЕУ во која влегле а тоа значи најчесто во Италија, Грција и Унгарија.

Но најсериозниот дел од министерската дебата денес ќе биде посветен на унгарската најава дека земјата не сака да прими бегалци иако илјадници секој ден таму влегуваат. Наместо тоа, од утре треба да стапи на сила унгарскиот закон според кој секое илегално поминување на границата ќе биде казниво со затвор или враќање на бегалецот во земјата од која влегол во Унгарија а тоа значи враќање во Србија. Унгарија исто така на својата граница крева ограда од бодликава жица.

Вчера претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер му се јавил на унгарскиот премиер Виктор Орбан и се обидел да дојде до договор со него. Но, како што јави Ројтерс, овие преговори пропаднале.

Австрискиот канцелар Вернер Фајман рече дека неговата земја можеби ќе може да ги земе бегалците кои Унгарија ги одбива и дека нема да воведе контроли на границата со Унгарија. Фајман исто така предупреди дека е можно да се воведат санкции за земјите кои одбиваат да примат бегалци.

Франција има намера да постапи како Германија и да започне контроли на границите но и дека ќе бара од ЕУ на бидат воведени контроли на сите граници на ЕУ, изјави денес претседателот Франсоа Оланд.

«Ќе се обидеме да дојдеме со заеднички заклучок во ЕУ кој ќе дозволи Европа да ги почитува своите граници. Конкретно тоа значи дека треба да има центри за регистрација во Грција, Италија и Унгарија за да се избегне ова што се случува денес», рече Оланд и најави дека темата ќе биде на министерската маса во Брисел денес.

Истовремено ЕУ денес одлучи да примени воена сила против шверцерите на мигранти во рамките на својата операција во Медитеранот. Мерката треба да почне да се применува на почетокот на октомври.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.