Франција ги озакони истополовите бракови
Францускиот парламент го усвои законот со кои се овозможува формирање на истополови брачни заедници како и усвојување на деца од истите.
Оваа иницијатива на претседателот Франсоа Оланд позната како “брак за сите” ја доби поддршката од 311 пратеници додека против се изјаснија 221 пратеник во францускиот парламент.
Франција стана 14та земја во светот која ги озакони истополовите бракови. Хомосексуалните бракови се дозволени во Шведска, Данска, Канада, Нов Зеланд, Уругвај. Во САД овој пример го следеа Вашингтон и девет други сојузни држави.
Предлог законот предизвика протести низ целата држава но владеачките социјалисти не се повлекоа од намерата.
“Многумина во Франција денска ќе бидат горди што оваа работа се заврши” изјави француската министерка за правда Кристијан Тобира.
Пред францускиот парламент паралено се одржуват демонстрации во знак на протест но и прослава на оние кои го поддржуваат законот.