На 14 јули 1789 година народот во Париз со јуриш на Бастиља ги ослободи политичките затвореници, што означува почеток на Француската револуција.
Наредниот ден е одлучено да се урне Бастиља која била изградена во 14 век, но тоа е направено две години подоцна. Во затворот во Бастиља најмногу имало политички затвореници кои биле во зандана без судење и на неодредено време.
Отогаш името Бастиља често се користи за институции на системот кои вршат или прикриваат некоја неправда.