Француските и африканските лидери ги повикаа светските сили да обезбедат помош и логистичка поддршка во борбите во Мали. Коалицијата на исламистичките милитанти го контролира северот на земјата. 5.000 Западно-африкански трупи се распоредени во водењето на борбите, додека Франција следната недела планира ги зголеми своите сили со 2.500 војници повеќе.
Илјадиници од населението на северниот дел на Мали веќе се отселени, додека останатите се дислоцирани кон југот на земјата, која е обезбедена од француските и малиските сили. ОН предупредија на бегалска криза, која може да води кон уште поголеми бегства на уште стотици илјади луѓе.