Франција е подготвена да помогне што побрзо да се надмине спорот околу името меѓу Македонија и Грција бидејќи тоа е во интерес на сите, пред се на Европската Унија истакна претседателот на Франција Франсоа Оланд на денешниот состанок со лидерите од западен балкан од процесот Брдо кај Крањ.
Според него постои потреба да се исполнат одреден број услови и реформи кои се важни за секоја земја,но постои и услов кој се однесува на целиот регион, а тоа е регионална соработка и помирување.
Неопходно е земјите да направат се што е во нивна моќ за да ги надминат потешкотиите и недоразбирањата кои постојат меѓу нив. Ние ќе се залагаме за решавање на сите отворени прашања рече Оланд на прес конференцијата по завршување на состанокот во Брдо.