Францускиoт војник, кој денеска беше прободен со нож и беше хоспитализиран со рани кои не се опасни по живот, денеска во западно предградие на Париз бил цел на напад поради неговата воена служба, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на изјава на францускиот министер за одбрана.
“Целта беше да се убие војник, бидејќи тој беше војник”, изјави министерот за одбрана, Жан-Ив Ле Дриан . Напаѓачот сакла “да се убие еден војник кој е задолжен за француската безбедност”, рече тој.
Напаѓачот бил облечен во наметка и бил Северно- Африканец, изјави Лорен Лефевр, портпарол на полицијата.
Војникот бил на патрола како дел од зголемениот безбедносен план, инициран во одредени области по интервенција на Франција во Мали претходно оваа година, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд.
Напаѓачот избегал, предизвикувајќи потрага по него, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи.