Француското обвинителство подигна обвинетие против Боб Дилан поради поттикнување омраза, пишува USA Today.
Обвинението стигна после рекцијата на дел од хрватската дијаспора на изјавата на Дилан дека „црнците можат да ги намирисаат расистите, исто како Евреите нацистите, а Србите Хрватите“.
Таа изјава Дилан ја даде минатата година за списанието The Rolling Stone, а пред судот го обвини Хрватскиот светски конгрес, задруга која ги опфаќа Хрватите во дијаспората, поради споредбата на Хрватите со нацистите.
Веќе е познато дека Хрватскиот светски конгрес нема да бара отштета, туку извинување, но ако Дилан биде обвинет за поттикнување омраза го чека висока глоба, како и условна казна, објавува Dnevnik.hr.