НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Француската амбасада се заинтересира за случајот со казнетата медицинска сестра

0
By Менче Атанасова Точи on July 9, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Медицинската сестра од Клиниката за неврологија била повикана на средба со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, откако претходно за случајот се информирал од медиумите.

Таа е казнета затоа што учествувала како испитаник во научен проект за скрининг на здравствени работници за Ковид-19, а за тоа не го известила директорот на Клиниката

Француската Амбасада се заинтересира за случајот со медицинската сестра од Клиниката за неврологија која беше казнета затоа што учествувала како испитаник во проект за скрининг на здравствени работници за Ковид-19, а за тоа не го известила директорот на Клиниката. Медицинската сестра вчера била повикана на средба со амбасадорот Кристијан Тимоние, откако претходно за случајот се информирал од медиумите.

Од Амбасадата за НОВА, потврдија дека била остварена средба и дека амбасадарот Тимоние детално ќе се информира за настанатата ситуација.

„Амбасадарот потврдува дека, откако се информираше преку медиумите, на негово барање оствари средба со медицинската сестра од Клиниката за неврологија за изворно да се запознае со нејзиниот проблем.

По разговорот со медицинската сестра, амбасадарот констатира дека таа навистина се соочила  со проблеми поврзани со нејзиното учество во наведениот проект“, потврдија за НОВА од Амбасадата на Франција.

Амбасадорот Тимоние ќе оствари средба со проф. д-р Никола Јанкуловски по неговиот реизбор за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

За време на средбата ќе се разговара пред сè за можностите за соработка помеѓу Франција и Северна Македонија во областа на образованието, а помеѓу другото и за тоа како се реализира горенаведениот проект и за случајот со медицинската сестра.

Со поддршка од Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, Универзитетската агенција за Франкофонија, на 22 мај 2020 е прифатен проектот на Медицинскиот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј од Скопје и неговиот Институт за биохемија во рамките на меѓународниот повик за универзитетски иницијативи за борба против пандемијата КОВИД-19.

„Проектот овозможува да се реализираат значителен број серолошки тестови кај здравствените работници“, потенцираат од Француската амбасада.

НОВА, ја контактираше и медицинската сестра од Клиниката за неврологија која беше казнета со 20 посто од плата, два месеца, бидејќи дала крв за испитување со кое се утврдува дали била во контакт со коронавирусот и дали развила имунитет.

Таа добила дисциплинска мерка бидејќи за тоа не го известила директорот, а иницирала и им земала крв на уште  15 вработени од Клиниката кои доброволно се вклучиле во научениот проект со кој е предвидено да се тестираат здравствените работници за да се види дали биле во контакт со коронавирусот и ако биле дали создадале имунитет.

„Многу се изненадив кога ме повикаа, особено поради фактот што до некого допрел мојот глас. Досега никој од надлежните не реагираше“, изјави медицинската сестра, која поради одредени причини не сака да се каже нејзиниот идентитет.

Претходно, реагираше и Синдикатот на Клиничкиот центар, од каде сметаат дека медицинската сестра не треба да биде казнета поради учеството  во Меѓународниот научен проект бидејќи Проектот е од јавен карактер и е поминат на Етичката комисија на Медицинскиот факултет.

„Казнетата медицинска сестра во проектот учествувала доброволно, како испитаник, без никаква финансиска надокнада, ниту пак со учеството направила било каков трошок на установата каде е вработена.

Волонтерското учество подразбира дека немала никаква обврска да го извести работодавачот, односно директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија или било кој друг раководен орган на таа институција“, сметаат од ССКЦ.

Станува збор за Меѓународен научен проект „Серолошки скрининг на COVID-19 на здравствени работници од Република Северна Македонија“, кофинансиран од Агенцијата на франкофонски универзитети (УАФ), која ја сочинуваат 944 универзитети, колеџи, универзитетски мрежи и научно истражувачки центри од 116 земји, кои користат француски јазик.

Научниот проект го спроведувата Институтот за експериментална и клиничка биохемија при Медицинскиот факултет и Институтот за имунологија, а потписник е УКИМ.

Од 1880 земји апликанти, РС Македонија е меѓу 80 те кои го добија овој проект и тоа со сума од 10. 000 евра, наменета исклучиво за тестови.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.