Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Француското дуо на пијано Дезомбре – Леклер вечерва на „Охридско лето“

0
By Ана Василевска on August 3, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Програмата на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со содржина од музичкиот дел, овојпат со концертот на пијано-дуото Дезомбре – Леклер во рамки на Француската вечер.

Родена во Париз, Ан Дезомбре започнува да свири пијано во родната Франција, а се усовршува во Монтреал, Канада, каде студира пијано, пијано-придружба и француска литература. Настапува на фестивалот „Карипски ноќи“ во Гвадалупе, на фестивалот во Нанси, на фестивалот „Ноќи во замокот Бринвил“, во аудиториумот на Винсен, на отворањето на Месецот на франкофонијата во Хавана и во Амбасадата на Белгија во Куба.

Нејзина специјалност е вокалната пијано придружба, а настапува и во дуо со Уго Леклер. Дезомбре е посветена и на педагогијата и е носител на Државна диплома за педагошка работа по пијано со деца.

Леклер учел пијано со Катрин Колард пред да започне да студира на Парискиот конзерваториум каде се здобива со дипломи по пијано, музичка анализа и камерна музика. Солистичката кариера го носи во 43 земји во светот низ кои  настапува со оркестри како „Камерата“ при Берлинската филхармонија, Оркестарот на Чешкото радио, Националниот оркестар на Тајланд, солистите на Парискиот оркестар, квартетот „Талих“ и гудачкиот квинтет на Берлинската филхармонија.

Тој е член на Здружението на автори во Франција и како дел од него продуцира повеќе проекти кои за своја инспирација имаат историски настани како на пример: егзилот на Наполеон на островот Света Елена или Големата војна во кои соработува со актерот Франсис Устер, или пак Бахманија, Бетовенманија и Дебисиманија за две пијана заедно со Жан-Франсоа Цигел.

Леклер е професор по пијано на Градскиот конзерваториум во Париз, а истовремено е и уметнички раководител на Фестивалот за класична музика „Нансифонија“ во градот Нанси, како и на меѓународните академии во Париз.

На прогрмата на концертот што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ од 21 часот се дела на Форе, Дебиси, Равел, Леклер, Пуланк.

Музичко дуо Охридско лето
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.