Како што објави Канал 5 македонскиот амбасадор во Ораганизацијата на обединетите нации во Њујорк, Љубомир Фрчкоски бил повикан на консултации во МНР поради финансиски малверзации и непостапување по добиените насоки.
Извори од МНР за Канал 5 велат дека причина за неговото враќање освен конзистентно непостапување по насоките кои во изминатиот период ги добивал од Министерството е и нотирана финансика недисциплина – затајување на материјални средства од сукцесија на објекти, како и трошење финансии спротивно на правилниците за работа на дипломатско конзуларните – претставништва. Актот за неговото повикување на консултации, според информациите, треба да биде потпишан во текот на денешниот ден.
Од Канал 5 побарале став за евентуалното отповикуавње од амбасадорското место во ОН и од професорот Љубомир Фрчкоски, но тој не беше достапен за одговори. Инаку Фрчкоски амбасадороска позиција во седиштето на Обединетите нации ја извршува веќе две години, а во Њујорк замина со указ потпишан од поранешниот претседател Пендаровски, откако претходно не успеа да добие зелено светло за амбасадорско столче во Вашингтон, пренесува ТВ Канал 5