Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фридрих Мерц: Не сум сигурен во иднината на НАТО

0
By Zoran Ivanov on February 23, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Победникот на изборите во Германија, Фридрих Мерц изјави дека односот на САД кон Европа ќе води кон размислувања за создавање на европска безбедносна структура, доведувајќи ја во прашање иднината на НАТО

Фридрих Мерц, лидерот на конзервативната ЦДУ која победи на изборите во Германија во неделата, изјави дека Европа мора да ги зајакне своите безбедносни капацитети поради растечките тензии со САД околу војната во Украина и финансирањето на НАТО.

„За мене, апсолутен приоритет ќе биде зајакнување на Европа што е можно побрзо за, чекор по чекор, да постигнеме независност од САД во безбедносните прашања“, изјави Мерц.

„По минатонеделните изјави на Доналд Трамп јасно е дека Американците се засилено незаинтересирани за иднината на Европа“, рече Мерц за време на дебата со другите водечки кандидати по изборите.

Многу ме интересира што ќе се случи од денес до НАТО самитот на крајот на јуни“, рече тој. Притоа додаде дека е прашање „дали се уште ќе зборуваме за НАТО во неговата актуелна форма или дали ќе мораме да формираме независна европска безбедносна структура многу побрзо, рече Мерц.

Фридрих Мерц, кој ја предводи сестринската коалиција ЦДУ/ЦСУ рече дека тој „воопшто нема илузии за она што доаѓа од САД“.

Најверојатниот иден германски канцелар ги осуди и „неодамнешните интервенции во германската изборна кампања од страна на Илон Маск“. Американскиот милијардер и неговиот сојузник Трамп се големи поддржувачи на десно-радикалната и про-руска Алтернатива за Германија (АфД).

Интервенциите од Вашингтон не беа ништо помалку драматични и дрски од интервенциите кои ги гледавме од Москва, оттука ние сме под огромен притисок од двете страни, заклучи Мерц.

 

Мерц НАТО сигурен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.