Фризерката Благица Дончевски која е обвинета за станбена измама на 40 граѓани, меѓу кои и јавни личности, денеска пред судот треба да даде свој исказ по обвинението.
Таа со измама присвоила стотици илјади евра, предходно претставувајќи им се на своите клиенти како владин претставник кој работи на проект за обезбедување на станови за млади брачни парови, социјални случаи и лица со посебни потреби.
Според МВР, Дончевска довела во заблуда 40 лица кои требало да уплатат дел од сумата, а останатиот дел од средствата наводно го покривале странски амбасади.