И јас сум жртва на измама, вака денеска пред судот се бранеше обвинетата Благица Дончевска, која според обвинението оштетила 40 лица.
Во тричасовната изјава пред Кривичниот суд таа изјави дека нејзин роднина ја вовлекол во измамата за продажба на социјални станови по ниска цена, а и таа уплатила за три стана кои ниту ги видела, ниту добила документи.
Тој и се претставил како владин претставник во проект за купување станови за млади брачни двојки и за лица со посебни потреби, финансирани од странски амбасади.
Дончевска е обвинета дека измамила четириесетина лица меѓу кои и звучни имиња од македонската јавност, на кои фиктивно им продавала станови по 400 евра за квадратен метар. Нејзиниот татко за помагање во извршување на измамата.