Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФТ: Величањето на минатото се покажа скапо

0
By Нова ТВ on July 24, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

“Величањето на наследството во Скопје се покажа скапо и предизвика раздор” е насловот на текстот за проектот “Скопје 2014″ што го објави вчера “Фајненшал Tајмс”.

НОВА го објавува текстот во целост:

Со бушава коса, Александар Велики на коњ го крева својот меч високо над главниот плоштад во Скопје. Двајца револуционери од 19-от век позираат покрај Камениот мост од отоманската ера.

Редица нео-барокни згради од светлечки мермерни линии на спротивниот брег на брзото течение на реката Вардар. Но овие обележја не се споменици од минатите векови, туку дел од „Скопје 2014“, четири-годишен проект кој опфаќа огромен број бронзени статуи, нови владини канцеларии и музеи, фонтани и светла во боја.

Со ова безбојниот главниот град на Македонија, се претвори во туристичка атракција, преку нагласувањето на богатото но малку познато наследство, како што вели Никола Груевски, премиерот.

„Ние сме многу млада земја, само 23 години и кога добивме независност од Југославија бевме земја со своја историја но без споменици и статуи“, зборува Груевски основач на идејата, за „Financial Times“.

„Сега имаме помеѓу 30-40 од нив – вклучувајќи и триумфална капија изградена да ја одбележи нашата 20-годишна независност – и уште ќе се гради“ Критичарите на Скопје 2014 сепак, велат дека е прескапо, го претворил градот во нешто налик Дизниленд, и има несакана идеолошка боја. „Кич е и мислам дека креира импресии од типот кои сме и каде припаѓаме, нешто што не ни помаѓа во односите со соседите“, вели Бранко Героски, политички коментатор.

Трансформацијата на Скопје е наменета, делумно, да го промовира македонскиот идентитет кој се протега назад од античките грчки и средновековни бугарски империи кои некогаш постоеле на јужниот дел на Балканот. Но со одливот и приливот на напаѓачите и армии, за дел од македонските „херои“ исто така се тврди дека се нивни од страна на други земји. Изградбата на статуата на Александар и на цар Самуил од Бугарија, на пример, ги иритираше владите во Софија и Атина.

Грците се особено напнати. Атина стави вето на членството на Македонија на НАТО и почеток на преговорите со ЕУ од 2008 година, тврдејќи дека името на својот северен сосед одразува прикриена закана за сопствениот регион Македонија, и тоа мора да се промени.

Две децении на наизменични разговори за прашањето за името со посредство на специјалниот претставник на ОН не успеаја да произведат компромис. За многу Македонци проектот е фокус на незадоволство од Владата на Груевски.

Гласачите во Општина Центар, која опфаќа повеќе од 100.000 жители, на локалните избори одржани во март го поддржаа кандидатот на опозицијата, за прв пат во последната декада. Андреј Жерновски, новиот градоначалник на Центар, сака да го запре проектот, да ја урне Триумфалната капија и да ги отстрани повеќето од статуите, за кои вели дека би требало да се преместат во помалите градови низ земјата.

„Најголемата грешка на Владата беше што го почна проектот без консултација со граѓаните кои на крај сепак го плаќаат овој проект“, изјави Жерновски, пратеник од малата Либералдемократска партија. „Гласачите одлучија дека тој е прескап и во право се. Ние се соочивме со огромни трошоци кои не можеме да си ги дозволиме, и не знаеме каде се потрошени тие пари”, додава Жерновски Буџетот за „Скопје 2014“ определен на 80 милиони евра пред четири години, се зголеми на 207 милиони евра, како што призна и самиот Груевски.

Жерновски вели дека ќе ангажира меѓународен ревизор за да го преиспита проектот откако увидел дека Владата платила многу високи цени за повеќето од спомениците. „Утврдивме дека набавката на споменик со висина на спомениците кои се поставени чини 65.000 евра, но оние на Гоце Делчев и на Даме Груев чинат речиси 10 пати поскапо“, рече Жерновски.

Зголемените трошоци за овој проект го поткренаа вниманието и на меѓународната агенција „Standard and Poor’s“ која го намали рејтингот на земјата на ББ- во мај годинава, наведувајќи помеѓу останатото дека е тоа сторено поради “скорешните зголемени капитални трошоци на непродуктивни проекти”.

Сепак, Груевски го бранеше проектот на економска основа со објаснување дека административните згради ќе креираат заштеди што сега се плаќаат за закуп на простор, а во исто време проектот ќе ги раздвижи локалните градежни компании кои ќе обезбедат 10.000 нови работни места, во земјата со стапка на невработеност од 30 отсто.
Според Груевски, проектот ја зголемил и годишната стапка на раст во туризмот за 10 до 15 отсто.

Владислав Бенарк и неговата сопруга Јана, посетители од Чешката Република, се импресионирани од излогот на статуи на плоштадот. „Мислам дека ова остава голем впечаток кај туристите, затоа што веднаш кога ќе се стапне на плоштадот, ова се многу убави споменици“, рече г-н Бернак.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.