Белгиската фудбалска репрезентација во понеделник започнува со подготвителните тренинзи
пред натпреварот против Македонија.
“Ќе вложиме во нашите силни точки“, изјави денеска на прес конференција, селекторот
на белгиската репрезентација, Марк Вилмоц, додавајќи дека “мора да ги имаме на ум и
противниците за да ја избереме правата тактика и да ги искористиме најдобрите играчи на
правото место.“ Белгиските медиуми потенцираат дека Македонија, 73-та во пласманот на
листата на ФИФА, успеа да изгради добар имиџ во фудбалот, по победите против Србија и
Данска.
“Македонија е добар тим со добар тренер и има неколку добри резултати. Навистина многу
добро одигра против Данска но благодарение на нашиот скаутинг ги познаваме нивните силни
но и слаби точки“, рече Вилмоц на денешната прес конференција во Брисел.
“Во Скопје ќе имаме војна на некој начин“, очекува Вилмоц, “но секој неатпревар го играме
за победа, сакаме да земеме бодови. Патот до Светското првенство е уште далеку. Ако
изгубиме против Македонија нема да бидеме елиминарани, а ако победиме, нема да бидеме
квалификувани исто така“.