Шпанскиот селектор Хулен Лопатеги одбра силна репрезентација за квалификацискиот меч со репрезентацијата на Македонија.
Младите перспективни играчи на Реал Мадрид, Марко Асенсио и Милан, Жерард Делофеу се повикани да бидат дел од репрезентацијата за пријателскиот натпревар со Колумбија и потоа квалификацисиот со Македонија.
Делофеу е во импресивна форма откако се пресели од Евертон во Милан како позајмен играч а веќе дебитираше во месец март против Франција кога постигна погодок на натпреварот кој заврши 2-0 за Шпанците.
За Асенсио ова е нова авантура со селекцијата откако дебитираше против Босна и Херцеговина минатата година во мај.
Шпанија игра со Колумбија на 7.јуни а четири дена подоцна игра против селекцијата на Македонија.
Составот на Шпанија за натпреварите со Колумбија и Македонија:
Голмани: Давид де Хеа (Манчестер Јунајтед), Кепа (Атлетик Билбао), Пепе Реина (Наполи)
Одбрана: Жорди Алба, Жерард Пике, Серхи Роберто (Барселона), Дани Карвахал, Начо, Серхио Рамос (Реал Мадрид), Цезар Аспиликуета (Челзи), Начо Монреал (Арсенал)
Среден ред: Марко Асенсио, Иско (Реал Мадрид), Серхио Бускетс, Андрес Иниеста (Барселона), Тиаго Алкантара (Баерн Минхен), Асиер Иљараменди (Реал Сосиедад), Коке (Атлетико Мадрид), Педро (Челзи), Давид Силва (Манчестер Сити), Витоло (Севиља)
Напад: Јаго Аспас (Селта Виго), Диего Коста (Челзи), Жерард Делофеу (Милан), Алваро Мората (Реал Мадрид)