Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФЗО: Имаме разбирање за предизвиците со кои се соочуваат избраните лекари и натаму ќе преземаме активности кои се во нивен интерес

0
By НОВА ТВ Balaban on January 12, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување ја утврдува стручна комисија формирана од министерот за здравство. Со Уредбата за начинот и методологијата за утврдување и донесување на листата на лекови кои паѓаат на товар на средствата на Фондот се дефинира: кои податоци за лековите ги содржи, меѓу кои се и режимот на пропишување и индикациите, а се содржат и ограничувања за лековите во начинот на пропишување, издавање и/или примена на лекот во одредени индикации или напомени за лекот, меѓу кои се и медицинската дијагноза утврдена во согласност со меѓународната класификација на болести и мислењето на лекарот од соодветна специјалност, односно супспецијалност.

Ова денеска го соопшти Фондот за здравствено осигурување во врска со, како што се посочува, наводите истакнати од Здружението на приватните лекари, дека Фондот на избраните лекари изрекува договорни казни за пропишување на лекови од лекари со несоодветна специјалност.

Утврдувањето на податоците за лековите кои ги содржи листата на лекови, како и сите ограничувања за лековите, како што информираат од Фондот, е во надлежност на соодветната стручна комисија.

Ваквиот начин на пропишување на лековите има за цел да го заштити здравјето на пациентите, со тоа што е точно пропишано кој лекар специјалист може да препорачува лекување со соодветна терапија.

Фондот во изминатиот период овозможи олеснување на казнената политика кон здравствените установи, при што ги спроведе следните активности: Во текот на 2019 година со склучување на анекс на договори беа драстично намалени договорните казни, воведување на мораториум (мирување/ одлагање ) за изрекување на договорни казни за период од 01.01.2019 до 30.06.2019 година, во соработка со надлежните комори, во текот на 2020 година, Фондот значително ги намали контролите во здравствените установи, со цел да излезе во пресрет на лекарите кои се справуваа со пандемијата со Ковид -19, транспарентно работење на комисиите, со тоа што Фондот обезбедува во нивната работа да учествуваат и претставници од соодветните комори со еднакво право на глас, при разгледување на записниците од извршените контроли во здравствените установи, ги зема во предвид сите олеснителни околности ,со тоа што за сторени повреди на договорните обврски кои опфатија период на важењето на два договора,секогаш ја изрекуваше помалата договорна казна.

Во однос на забелешката дека во време на пандемија со коронавирусот Фондот наместо да им помогне на избраните лекари и да ги награди за вложениот труд поради зголемениот обем на работа, им изрекува договорни казни, од Фондот истакнуваат дека Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести следејќи ги препораките на Светска здравствена организација, донесоа низа мерки заради спречување на ширење на коронавирусот. Врз основа на тоа, Фондот, како што посочуваат со одлука на Управниот одбор им излегол во пресрет на избраните лекари со тоа што овозможил да се продолжи важењето на специјалистичките извештаи, отпусни писма и конзилијарни мислења на повеќе од една година, заради непречено издавање на рецепти, боледување и ортопедски помагала на осигурените лица, избраните лекари во периодот на траење на мерката не ги повикуваа осигурените лица на превентивни прегледи, при отсуство на избраниот лекар поради болест или изолација, здравствените услуги ги пружа лекарот замена, а во случај кога во изолација се наоѓа и лекарот замена, се овозможи без ограничување назначување на втор лекар, а по потреба и друга замена, доколку во овој период, лекарскиот тим остане без медицинска сестра поради тоа што истата е заразена од коронавирусот или е во самоизолација/ изолација, лекарот здравствените услуги ги пружа без сестра, за што Фондот продолжува да исплатува надоместок на капитација.

-Во случај кога спреченоста за работа трае повеќе од 30 дена, лекарот редовна замена може и по истекот на 30 дена да продолжи да пружа здравствени услуги на осигурените лица на лекарот кој е на подолготрајно боледување., за што истиот добива 70 отсто од капитацијата на лекарот кој е на боледување. Избраните лекари имаат право да препишуваат лекови на рецепт од листата на лекови на товар на Фондот (антибиотици и анксиолитици), над дозволениот лимит, кои се неопходни при третман и лекување на осигурените лица заболени од коронавирусот. Фондот како општествено одговорна институција, особено во време на пандемијата со коронавирусот и понатаму има целосно разбирање и слух за предизвиците со кои тие секојдневно се соочуваат и поради тоа и понатаму ќе презема активности кои се во интерес на избраните лекари, а се со цел тие да пружаат поквалитетна и подостапна здравствена заштита на осигурените лица на Фондот, стои во соопштението од Фондот.

избраните лекари ФЗО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.