Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФЗОМ: Се зголемува капитациониот бод на матичните гинеколози

0
By Нова ТВ on August 1, 2018 ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се зголемува капитациониот бод на матичните гинеколози од 50 на 55 денари за секоја пациентка која е осигурена преку ФЗОМ и има избрано матичен гинеколог. Ваква одлука на последната седница донел Управниот одбор на ФЗОМ, како резулатат од преговорите со матичните гинеколози.

„Фондот за здравствено осигурување на Македонија, како резултат од разговорите и преговорите со  Здружението на приватните гинеколози акушери на Македонија (ЗПГАМ), а во насока на повисоко вреднување на трудот на избраните гинеколози и зголемување на квалитетот на пружените здравствени услуги на осигурените лица, на последната  седница на Управниот одбор донесе одлука, од први септември да ја зголеми  вредноста на капитациониот поен за избраните гинеколози од 50,00  на 55,00 денари за секоја осигуреничка која извршила избор.

ФЗОМ, исто така, го зголеми  финансискиот надоместок за избраните гинеколози кои вршат  породување во породилиштата во здравствените домови во Република Македонија, а со цел обезбедување  навремена здравствена заштита на бремените жени во местата каде нема гинеколошко- акушерски одделенија во  болничките здравствени установи.

Со цел унапредување на статусот на избраните гинеколози  во примарната здравствена заштита и  потребата од нивно поголемо ангажирање за намалување на смртноста на новороденчињата и родилките во Република Македонија, Фондот го  дополни Правилникот за начинот на плаќање на здравствените услуги во примарна здравствена заштита при што, за прв пат, се воведува вреднување на обезбедените здравствени услуги за бремени жени од избраниот гинеколог. Имено,  основната капитација за гинеколозите кои  следат  бремена жена  ќе се пресметува со тоа што ќе се множи со 2 поени, односно гинеколозите кои следат бремена жена ќе добиваат двојна вредност од капитацијата. Ваквиот начин  на пресметување на  капитацијата за бремените жени ќе се применува за  времетраење на бременоста, односно до завршување на породувањето, но не повеќе од 9 месеци“, соопштија од ФЗОМ.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025
ФОКУС

Блумберг: Украина и Европа подготвуваат мировен план од 12 точки за крај на војната

ВЕСТИ October 21, 2025

Европските земји во соработка со Украина изработуваат предлог од 12 точки за запирање на војната,…

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

October 21, 2025

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025

Во Скопје ќе има втор круг, градоначалник ќе се бира меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ

October 20, 2025
ТИКЕР

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.