Лидерите на седумте најразвиени земји во светот на состанокот доцна синоќа ја предупредија Русија дека Западот е подготвен на нови санкции доколку ситуацијата во источна Украина остена вон контрола.
„Подготвени сме да ги зајакнеме санкциите и да воведеме дополнителни рестриктивни мерки кон Русија ако ситуацијата го бара тоа“, стои во заедничкото соопштение на Г7 земјите.
Тие побараа од Русија да ги призне резултатите од украинските претседателски избори, да заврши повлекувањето на сите трупи од границата со Украина и да запре протокот на оружје.
САД, Германија, Франција, Велика Британија, Канада и Јапонија на украинската власт и порачаа да се охрабри „да одржи одмерен пристап во операциите за враќање на редот и законот и да продолжи со националниот дијалог во кој сите ќе бидат застапени“.