Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Г. Агатангел: Жерновски сака да урива црква – лошо ќе помине

0
By Нова ТВ on June 7, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со транспаренти „Ни во турско не се рушеа цркви“ граѓаните денеска се собраа пред споменикот на Мајка Тереза, во протестот против најавата за измена на Детално урбанистичкиот план на општина Центар, поддршка им дадоа и претставници на МПЦ.

„Во 21. век, во распарчена Македонија, Жерновски сака да урива црква. Ако почне да урива лошо ќе помине“, изјави владиката Агатангел, преренесува А1он.

Од пред споменикот на Мајка Тереза, демонстрантите се упатија кон општината

Иако според демонстрантите промената на ДУП-от би значело престанување на градежните работи и престанок на изградбата на Црквата Свети Елена и Константин, од општина Центар имаат спротивен став.

Тоа не е возможно ниту во теорија, ниту во пракса, велат и од општина Центар и експертите, за Радио Слободна Европа.

Претседателот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ вели дека во предлог одлуката за укинување на ДУП-от, воопшто не подлежат за укинување објекти кои се во градба и за кои е издадена документација.

„Одложување на овој моментален детален урбанистички план за кој имаме предлог одлука да се укине, значи само се однесува за објекти или за маркици каде не започнало градење или градењето е во раните фази. А се што е започнато, се што е изградено, се за што има издадено документација дали од Општината или од Министерството за транспорт и врски, тоа воопшто нема да биде предмет на одлуката за поништување на деталниот урбанистички план“.

Со соопштение во јавност денеска се огласи Граѓанска иницијатива „Веритас“. Според нив вчерашната изјава на Андреј Жерновски дека со предложениот дневен ред на Советот на Општина Центар се предвидува враќање на тревната површина, и дека тоа не се однесува на Црквата СВ Елена и Константин преставува свесна лага и се граничи со измама која Жерновски сака да ја протне во јавноста.

„Единствената тревна површина во Малиот ринг е токму местото каде се гради божјиот храм СВ Елена и Константин“, велат од „Веритас“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.