Митрополитот на преспанско-пелагониската епархија Господин Петар воопшто не знаел дека протестите пред општина Центар биле орагизирани против уривањето на црквата „Св.Константин и Елена“. Не знаел ниту дека градоначалникот Жерновски изјави дека не станува збор за уривање на црквата.
-Воопшто не знаеме за таа информација и во врска со тоа дури и јас бев во непосредна близина на Општина Центар каде што беа тие протести, но не знаев дека тоа собирање е во врска со случувањата околу црквата изјави во интервју за Радио Слободна Европа Господин Петар.
Тој се недева дека ќе се создадт услови и да е отпочнат разговори со СПЦ, сега кога таму има ново раководство.
-Се надеваме дека ќе се создадат можеби услови за да се отпочне со тие разговори, а тие услови секако дека ќе следат откако и од наша страна, па и од страна на СПЦ се сфати и разбере дека од досегашните некомуницирања ниту ние, ниту тие имаат некаква полза и конечно да се разбере, да се сфати дека само со дијалог може да се решат недоразбирањата и проблемите изјави митрополитот на преспанско-пелагониската епархија Господин Петар.