Лидерите на Г20, на средбата во Хамбург, прават напори да го убедат американскиот претседател Доналд Трамп да ја врати неговата земја во Парискиот договор за борба против климатските промени.
Ова денес го изјави британската премиера Тереза Меј:
“Тоа е значајно е за целиот свет и мислам дека тоа е се уште можно. Договорот од Париз нема повторно да се преговара. Би сакала САД да го најдат патот за враќање во договорот”, рече Меј во Хамбург за Би-Би-Си.
“Со нашата заедничка порака испратена во претседателот Трамп инсистираме колку е значајно САД да се вратат во договорот од Париз и се надевам дека ќе можеме да работиме во таа насока”, додаде Меј.
Британската премиерка му кажала на Трамп дека Велика Британија е разочарана од одлуката за повлекување од Парискиот договор итоа ќе му го повтори за време на нивната билатерална средба предвидена подоцна во текот на денот.
Во јуни Трамп најави повлекување на САД од овој климатски договор кој има за цел да се бори против затоплувањето на планетата. Со тоа САД сами се изолираа од целата меѓународна заедница.
Германската канцеларка Ангела Меркел денес изјави дека “многу, многу земји” би сакале да продолжи примената на договорот.
Според агенцијата АФП која цитира извори блиски до самитските дебати, финалната декларација на самитот Г20 би требало да подвлече дека договорот од Париз нема да се менува и покрај тој што Трамп инсистира овој договор повторно да биде предмет на нови преговори.

