Германскиот министер за надворешни работи , Зигмар Габриел излезе со осуда на вчерашните инциденти и побара формирање Влада:
„Доживеавме сега, во (ПЈР) Македонија, кандидат за прием во ЕУ, да се упадне во Собранието, да бидат удирани пратеници и таму да владее атмосфера, која воопшто не е споива со она што ние го очекуваме во Европа.
Таму треба сега конечно да се формира Влада, бидејќи имаше демократски избори. Тоа што досегашната владеачка партија го одбива тоа, што нејзини приврзаници упаѓаат во Собранието, удираат пратеници воопшто не прифатливо. Ова мора веднаш да се смени и мора да биде јасен сигнал од овде, од Малта.“